Новости

Македонија

Се празнува Преподобен Давид Солунски

Денеска е Преподобен Давид Солунски.

Овој подвижник по потекло солунец живееше во петтиот и шестиот век. Својот подвиг го започна близу Солун, каде подигна колипка под едно бадемово дрво па живееше во неа.

Потоа се подвижуваше во Тесалија. Живеејќи во постојан труд да ја стекнува божествената љубов, тој толку се усоврши во Бога што во една пригода можеше да стави жар во дланката за да го окади царот, без тоа да му наштети.

Се упокои во 540 година.

Евротип
Евротип
To Top