Новости

Македонија

Се празнува Св. великомаченичка Ефимија

Света Ефимија беше родум од Халкидон. Родителите и беа христијани, а татко и покрај тоа беше сенатор.

Во времето кога Ефимија веќе беше пораснала во прекрасна девојка и по дух и по тело, антипатот Приск одреди обилно жртвопринесување во Халкидон.

Четириесет и девет христијани, меѓу кои и Ефимија, се засолнија од градот, зашто не сакаа да учествуваат во овој бесмислен колеж.

Меѓутоа, војниците ги пронајдоа и ги доведоа пред антипатот. А овој цели 19 дена смислуваше и спроведуваше најразлични ма чења врз нив. Дваесеттиот ден беше изведена пред него и свети Ефимија. Приск се обиде најпрвин да ја придобие со ласкање, но кога тоа не му успеа, ја предаде на ма чење.

На примерот на св. Ефимија се исполнија Христовите зборови: на змии ќе газите и ќе останувате неповредени, бидејќи таа чудесно поминуваше низ сите мачења.

Евротип
Евротип
To Top