Новости

Македонија

Се празнува Св. Петка, заштитничка од болести и несреќи

Денеска е Св. преподобна маченичка Петка. Култот кон света Петка- Римјанка, кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести.

Во православниот каландар постојат три личности со исто име света Параскева – Петка, поради што кај народот најчесто се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Првата е света Петка – Римјанка, втората света Петка од Иконија и третата света Петка Епиватска, позната и како Трновска. Најпозната меѓу нив е третата на која празникот, познат под името Петковден и со домашни слави се празнува на 27/14 октомври. Поради тоа и другите две се идентификуваат со неа. Ефтим Спространов во записите на обичаи и верувања од Охрид сведочи дека се правело разлика меѓу Петковден, празникот во октомври и света Петка од 26 јули (стар стил). Тој уште сведочи дека на овој ден од градот и од селата оделе на манастирот посветен на света Петка во близината на Охрид.

Евротип
SNBROKER
To Top