Новости

Македонија

Се препорача трета доза вакцина против Ковид-19

Препорачана трета доза од вакцината против Ковид-19, за луѓето постари од 60 години, медицинските лица и пациентите со хронични болести, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додава дека ова е препорака на Комитетот за имунизација, и третата доза ќе се врши со Фајзер вакцината.

– Надмината е бројката од 700.000 граѓани кои се вакцинирани. Верувам дека интересот нема да се намалува, за да стекнеме колективен имунитет – изјави денес министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој повтори дека вчера пристигнаа 100.000 вакцини „Фајзер“, 50.000 од „Синовак“.

Исто така, министерот најави дека се очекува Данска да ја објави донацијата од 250.000 дози од производителот „Џонсон и Џонсон“.

Според министерот, се зголемува и бројот на слободни кревети на Инфективна клиника, како и на интерните клиники.

Евротип
Евротип
To Top