Новости

Македонија

Силен земјотрес во Лерин, Грција, почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според европската скала е почувствуван вечерва во 22.43 часот во Македонија. Епицентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) бил во близина на Лерин, Грција.

Земјотресот, како што сведочат граѓани, освен во Скопје, особено бил почувствуван во Битола, Прилеп, Охрид и другите градови од тој дел на државата.

Десет минути подоцна, односно во 22.53 часот е почувствуван уште еден, со интензитет од 4,8 степени, со епицентар исто така во Лерин.

Евротип
SNBROKER
To Top