Новости

Македонија

Скоро 1.500 хектари државно земјиште одат под закуп

Нови, скоро 1500 хектари државно земјоделско земјиште се нудат под закуп. Во девет општини во државава тече огласот за парцели кои не се поголеми од три хектари. Понудените површини наоѓаат во Берово, Битола, Македонско Брод, Виница, Гевгелија, Делчево, Кавадарци, Велес и Штип. Минималната закупнина се движи од 5 до 25 евра во зависност од бонитетот и местоположбата на земјиштето…

Право на учество имаат домашни физички и правни, и странски правни лица. Компаниите мораат да достават бизнис план, а земјоделците програма за користење на земјиштето. Почетната цена на закупот се одредува според катастарската класа и местоположбата на земјиштето и се движи од 5 до 25 евра за хектар.
Парцелите се наменети за одгледување на едногодишни и долгогодишни насади, а идните корисници во зависност од културата која ќе ја одгледуваат ќе ги добијат за користење во период од 15 до 70 години.

Површината за којашто може еден земјоделец да достави понуда е со големина до 3 хектари во катастарските општини Берово, Битола, Македонско Брод, Виница, Гевгелија, Делчево, Кавадарци, Велес и Штип.

Доколку закупецот е физичко лице е на возраст до 40 години или земјиштето го добие трговско друштво со управител или извршен директор на возраст до 40 години, обврската за плаќање на закупнината почнува по три години од склучувањето на договорот за закуп. Изборот ќе се врши со бодување. Најголем број бодови, односно 65, добива месното население.

Последниот ден за поднесување пријави за учество на јавниот повик е 30 дена од неговото објавување на 2-ри јуни.

Евротип
SNBROKER
To Top