Новости

Македонија

Следниот петок неработен ден

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 23 октомври 2020 година (петок), Ден на Македонската револуционерна борба е неработен ден за сите граѓани на државава.

„Согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07),  23 октомври 2020 година (петок), Ден на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на Македонската револуционерна борба.

GOLD
To Top