Новости

Македонија

Следуваат неколку постабилни и релативно суви денови – нова нестабилност од понеделник

Денес, како и во следните неколку денови времето кај нас ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена, а за викендот и со умерена локална облачност. Ќе започне да дува јужен и југозападен ветер, кој особено за време на викендот ќе биде засилен по интензитет, и тоа особено во недела.

Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на позначителен пораст, особено за време на викендот и тогаш, особено во недела ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.

Во Скопје и околината денес, како и во следните неколку денови ќе имаме стабилно и суво време без врнежи, максималната дневна температура ќе биде во пораст, особено за викендот кога се очекува да се искачи до околу 30 степени.

На самиот почеток од следната недела, односно во понеделник особено попладне и навечер локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

 

 

 

 

Подготви: Славчо Поповски

GOLD
To Top