Новости

Македонија

Следуваат поларни денови: Денеска врнежи од дожд и силен ветер, на планините снег

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, на места поројни и пообилни над 20 литри на метар квадратен проследени со силен ветер кој ќе достигнува брзина и над 70 километри на час. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег, а попладне ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Претпладне ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во северен и дополнително ќе засили. Во текот на ноќта особено вдолж Повардарието ќе дува силен северен ветер.

Од утре времето ќе биде значително постудено и максималните температури ќе достигнат до 6 степени на југот. Од сабота времето ќе биде уште постудено, а метеоролозите предвидуваат и врнежи од снег.

Во сабота времето ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи од снег, особено попладне и најобилни во југозападните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правецМаксималните температури ќе бидат до само два степени. Слично време се предвидува и за недела кога е празникот Свети Трифун или познатиот Валентајн што се слави повеќе во западните земји.

Евротип
Евротип
To Top