Новости

Македонија

СН Осигурителен брокер на тим билдинг во Охрид

Мотивацијата е една од клучните алатки за градење силен и инспириран тим. Само со енергија, инспирација и креативност, мотивацијата го поставува тимот на ниво, каде успехот е неизбежен. Фокусот на “СН Осигурителен брокер“ АД Битола е врз мотивацијата на нејзиниот тим и градењето на човечките ресурси и професионалните капацитети.

Викендот што помина “СН Осигурителен брокер“ АД Битола  го посвети токму на тоа. Три дена посветени на работа, дружба, учење и стекнување вештини. Само мотивираниот човек стигнува до успехот.

“СН Осигурителен брокер“ АД Битола  се мотивиравше од најдобрите. Со д-р Жарко Костиќ само потврдивме дека ако ја развиваме и градиме мотивацијата можеме да бидеме најдобри. Најдобри во сопствениот професионален развој, најдобри во квалитетот кој што им го нудиме на нашите клиенти. За идните проекти, за нашиот развој, за успесите и целите кон кои се стремиме замислете лично од нашите први луѓе чувме во еден сосема невообичаен амбиент, водите на прекрасното Охридско езеро, на патот за “Св. Наум“, местото на вечниот извор на енергијата, креацијата, инспирацијата.

Вработените, тимот на “СН Осигурителен брокер“ АД Битола, викендов беа таму, стопроцентно подготвени да усвојуваат нови знаења и вештини, но и да се запознаеме подобро меѓу себе и со секој чекор да стануваме се подобар тим, тим со подготвеност за поддршка едни на други и тим со безрезервна меѓусебна доверба, со почитување на сите протоколи, кои ги налага КОВИД 19.

Тимот на “СН Осигурителен брокер“ АД Битола е подготвен и чекори напред, тим, кој може да им одговори на предизвиците и остануваме најдобри за нашите клиенти.

GOLD
To Top