Новости

Македонија

Сончево и многу топло, попладне умерено облачно

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерена облачност. Кон крајот на денот наместа ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје претпладне сончево и многу топло. Преку денот со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи проследени со засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 38 степени.

Во деновите од викендот ќе биде нестабилно. Во попладневните часови на места ќе има и поинтензивни процеси во форма на невреме со појава на град. Температурата во овие два дена ќе биде пониска за неколку степени.

СН Брокер
To Top