Новости

Македонија

СОНЧЕВО И РЕЛАТИВНО ТОПЛО Температурата ќе достигне до 22 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево, претпладне во јужните делови со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната од 17 до 22 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и тивко.

Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Евротип
Евротип
To Top