Новости

Македонија

Сончево и топло време со температури до 21 степен

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Претпладне со мала до умерена локална облачност, особено во североисточните подрачја. Ќе дува умерен, по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во Скопје претпладне со мала до умерена облачност, преку денот сончево. Ќе дува умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Продолжува периодот на стабилно, сончево и топло време. Во деновите од викендот во утринските и претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност. Утринските температури на места ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат над просекот за овој период од годината. Топлото време ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините.

GOLD
To Top