Новости

Македонија

Сончево и топло, температурата до 40 степени

Времето во земјава ќе биде претежно сончево и многу топло, во источните делови со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, на југоистокот од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Утре и понатаму ќе биде многу топло, но облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилно на повеќе места ќе биде во деновите од викендот, кога во попладневните часови на места ќе има и поинтензивни процеси во форма на невреме со појава на град. Температурата во овие два дена ќе биде пониска за неколку степени.

СН Брокер
To Top