Новости

Македонија

Сончево со мала до умерена облачност, попладне локален дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Попладне ќе има локален дожд, а на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе достигне од 22 до 30 степени, а УВ индексот 7, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

УХМР најавува дека во следните денови во претпладневните часови ќе преовладува сончево време со умерена облачност, а попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

GOLD
To Top