Новости

Македонија

Сончево со ниски утрински температури

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. 

Наутро ќе биде студено со минимални утрински температури од -6 до 2 степена, а во текот на денот, температурите ќе се движат од 3 до 10 степени.

Во Скопје ќе преовладува претежно сончево време со појава на мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер кој претпладне ќе биде поизразен. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Сончевото време со ниски утрински температури ќе се задржи до четврток по што следува период на променливо облачно време со повремени врнежи, кои во сабота се очекува да бидат пообилни.

Евротип
Евротип
To Top