Новости

Македонија

Спасовски се врати на работа: Ковид-19 беше големо искуство за мене, чувајте се

Министерот за внатрешни работи од крајот на минатиот месец беше позитивен на коронавирус и беше хоспитализиран на Инфективната клиника.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од денеска повторно е на работното место во МВР, откако од крајот на минатиот месец беше позитивен на коронавирус и беше хоспитализиран на Инфективната клиника.

-„Денеска сум на работното место, со едно големо искуство зад себе продолжувам да работам за доброто на граѓаните. Предизвикот пред кој сме исправени како општество е шанса да ги преиспитаме приоритетите во нашиот живот, а во прв план да го ставиме здравјето… Ајде сите заедно да дадеме придонес кон јавното здравје, за нашите деца, за семејството, за нас, за лекарите кои секојдневно се пред предизвиците да спасуваат животи, борба во којашто се уверив на Инфективната клиника, во посветеноста и неуморноста со којашто работат здравствениот и техничкиот персонал – искрена благодарност за нивниот влог. Но, ова е заедничка битка – чувајте се, носете заштита на лицето, одложете ги времено физичките контакти колку што е можно тоа. Вирусот, заедно ќе го победиме“, – напиша на Фејсбук Спасовски.

Министерот за внатрешни работи на 28 октомври беше примен на болничко лекување поради висока температура, во стабилна состојба.

GOLD
To Top