Новости

Македонија

Средношколците можат да аплицираат за сместување во ученички домови до 15 јули

Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во земјава за учебната 2021/2022 година е отворен до 15 јули, а право на сместување имаат ученици кои се запишани како редовни во средното образование во учебната 2021/2022 година, потсетуваат до Министерството за образование и наука.

Учениците кои ќе се пријават на конкурсот треба да се државјани на Македонија; да се запишани на наставен план и програми кои не се застапени во општината, односно градот Скопје каде што ученикот има постојано место на живеење; училиштето во кое ученикот е запишан да е оддалечено најмалку 25 километри од постојаното место на живеење и да има организирано јавен превоз; училиштето во кое ученикот е запишан да е оддалечено најмалку 10 километри од постојаното место на живеење и нема организирано јавен превоз.

Оваа година учениците за сместување во ученички дом можат да аплицираат електронски, со пополнување електронска пријава и прикачување на соодветната документација на следниот линк.

Доколку немаат можност електронски да аплицираат, треба да пополнат хартиена пријава (евидентен лист) и да ја достават потребната документација по конкурсот во ученичкиот дом најдоцна до 15 јули 2021 година.

Евротип
Евротип
To Top