Новости

Македонија

Српските туристи искористија 84.000 бесплатни картички за патарина

Близу 84.000 бесплатни електронски картички за плаќање патарина искористиле српските туристи кои транзитираа низ државава на патот кон Грција.

На 15 овој месец се заокружија двата месеца, кога на граничниот премин Табановце српските туристи добиваа бесплатни М Смарт картички за да ги преминат патарините низ нашата држава по коридорот 10, како благодарност за отстапените бесплатни вакцини и вакцинација на нашите граѓани во Србија.

Во мај годинава Владата одлучи за српските возила што транзитираат низ Македонија во периодот од 15 јуни до 15 август да одвои околу 2,8 милиони евра за изготвување на 200.000 М Смарт картички. На секоја од нив имаше доволно средства за плаќање на патарините од Табановце до Гевгелија и назад, ги изготви ЈП за државни патишта, а на граничниот премин Табановце ги делеше полицијата. Но, бројт на поделени картички беше помал, односно околу 83.959, со вкупна вредност од 1,2 милиона денари, со што неискористени останаа повеќе од 1,5 милиони од планираните средства.

Освен помошта за српските туристи, со ова му се помогна и на ЈПДП, во чија каса се слејаа повеќе пари дури и од преткризната 2019 година. Вкупниот промет на патарините во тој период се приближи до 27 милиони евра, што е за 12 проценти повеќе отколку во истиот период 2019 година.

Евротип
Евротип
To Top