Новости

Македонија

ССМ на средба во Владата за минималната плата

Сојузот на синдикати на Македонија денеска на средба со владини претставници ќе ги изнесе барањата на во врска со минималната плата, а ќе бара и потпишувањето на општ колективен договор за јавниот сектор со кој ќе се врати регресот за годишен одмор познат како К-15. Синдикатот бара веднаш да биде зголемена минималната плата на 18.000 денари во нето износ и таа да не биде пониска од 60 проценти од просечно исплатената месечна нето плата во последните три месеци, како и задолжително усогласување на сите останати плати во државата.

ССМ ги повика пратениците да ги изгласаат измените на Законот што ССМ ги поднесе до пратениците со кои ќе се реализира зголемувањето на минималната плата. ССМ деновиве извести дека го формирала главниот штрајкувачки одбор, наведувајќи дека од исходот на денешната средба во Владата, ќе зависат натамошните чекори на синдикатот.

„Штрајкувачкиот одбор во вторник по состанокот во Владата ќе утврди време и начин на изразување на работничкото незадоволство преку спроведување на штрајкот и разните облици за притисок и изразување на работничкото незадоволство, а во зависност од резултатот на преговорите, информира ССМ по состанокот на Претседателството и Советот како највисоки тела.

Евротип
SNBROKER
To Top