Новости

Македонија

Статистика: Над 120 илјади самопопишани само во Швајцарија, Германија и Италија

Евиденцијата на самопопишувањето покажува бројка од 171.620 македонски државјани кои живеат во странство и кои се самопопишале на електронската апликација од почетокот на овој процес, на 1 март, до денес, соопшти Државниот завод за статистика и информира дека само во последното деноноќие се попишани 11.101 лице. Во Швајцарија се попишани над 56 илјади лица, во Германија близу 40 илјади и Италија над 27 илјади лица. Во Албанија пак, се самопопишале само 342 лица со македонско државјанство.

Неколку земји се издвојуваат по бројот на самопопишани лица и тоа на врвот на листата и натаму е Швајцарија со 56.146 македонски државјани кои ги впишале своите податоци за пописот, потоа следува Германија со 39.167 лица и Италија со 27.402 македонски државјани.

Од земјите познати по голема дијаспора во САД има зголемен број на попишани лица, но бројката е далеку под посакуваната со само 7.081 лице – македонски државјани кои ги дале своите податоци, а во Австралија со само 2.099 попишани лица интересот е и натаму незначителен исто како и во Канада каде се попишале само 1.541 лице.

Во Австрија се попишале 10.030 лица, во Обединето Кралство – 2.342, во Турција – 1.624, Франција – 1.552, Чешка – 839…

Од поранешните југословенски простори најмногу македонски државјани се самопопишале во Словенија – 3.263 и во Хрватска – 1.259, потоа следува Косово со 960 лица, Србија – 644, Босна и Херцеговина – 519 и Црна Гора со 155 самопопишани лица.

Македонски држвјани има и во Џибути, Маријански острови, Либија, Филипини, Ниуе, Микронезија, Бонер, Сент Еустатитиус и Саба..

GOLD
To Top