Новости

Македонија

Стевановиќ: Ковид-19 предизвика најмногу компликации кај пациентите од 40-50 години

Пациентите меѓу 40 и 50 години го понесоа најголемиот ризик од Ковид-19 и најмногу ги осетија последиците што ги остава вирусот. Директорката на Клиниката за инфективни болести каде завршуваат најтешките случаи, вели дека бројките со компликации кај средната популација се најголеми. Ако кон крајот на 2020 третираа и по 160 хоспитализирани, сега бројките се преполовени. Со 50 прегледи во амбулантите за едно деноноќие и 88 пациенти кои лежат во болничките соби инфектолозите се надеваат дека се гледа крајот на пандемијата. Но никако тоа да не биде мотив за опуштање.

-Ова ни покажува дека има надеж во справувањето и дури се гледа и крајот на оваа голгота, но никако тоа да не се гледа како опуштање. Не смееме да си го дозволиме сега тоа бидејќи сме исклучително заморени и предолг е период. Мислам дека нов наплив нема да биде добар и за граѓаните и за здравствените работници, вели др. Милена Стевановиќ, директор на Клиника за Инфективни болести.

Од хоспитализираните најголем број се со тешка клиничка слика и на кислородна поддршка. Изминатите 11 месеци од Инфективна велат дека се справувале со голем емотивен притисок, наплив на многу пациенти, но и со и членови на семејства кои неуморно чекале информации за нивните блиски.

-Од овие 11 месеци може да се научат многу лекции на добра пракса, но и пропусти организациски кои треба да се подобрат. За инфектолозите ова беше еден исклучително голем тест, кои спроед мене добро го поминаа. Се уште има тешки пациенти и ќе има и понатаму, вели Стевановиќ.

Од пред десетина дена веќе не е во функција модуларната болница до Инфективна каде до пред Нова година беа исполнети сите 66 кревети за пациенти со Ковид пренесува сител.

GOLD
To Top