Новости

Македонија

Суво и сончево време со умерена локална облачност

Денеска, како и во следните денови продолжува периодот на претежно стабилно, суво и сончево време со умерена локална облачност. Повремено ќе има нешто повеќе облачност, а особено во сабота ќе дува умерен, долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени, додека за време на викендот истите ќе бележат тенденција на пад за неколку степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево, повремено со умерена облачност. Во сабота ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени.

GOLD
To Top