Новости

Македонија

Твитер го блокираше профилот на Венко Филипче, министерството со објаснување

Твитер го блокираше официјалниот профил на министерот за здравство, Венко Филипче, поради „забележана необична активност од овој профил.“

Сепак, корисниците сѐ уште можат да пристапат на неговиот профил, но само откако ќе го прочитаат предупредувањето објавено од социјалната мрежа.

Објаснување даде од Министерството за здравство.

„Твитер профилот на министерот за здравство д-р Венко Филипче, утрово беше ставен на рестрикција од страна на „Твитер“, од причина што ненамерно при логирање беше внесен погрешен код за верификација. Оваа активност за социјалниот медиум беше причина истиот да го ограничи профилот, се работи на надминување на проблемот.“,се вели во соопштението.

СН Брокер
To Top