Новости

Македонија

Третото пресадено срце чука во градите на 39-годишна пациентка

По тешка петчасовна операција успешно заврши третата трансплантација на срце во Македонија. Тимот кардиохурурзи влезе во салата во 6.33 часот изутринава а трансплатацијата беше завршена нешто по 12 часот. Срцето продолжи да чука во градите на 39- годишната жена чија здравствена состојба сеуште е неизвесна, а следните 48 часа се критични.

Станува збор за пациентка со вродена срцева мана, врз која веќе биле извршени неколку хирруршки интервенции но состојбата продолжувала да се влошува и поради тоа веќе долго време била на листата за трансплантација и чекала донор.

Идентитетот на донорот овој пат ќе остане тајна на барање на семејството

-ДОНИРАНОТО СРЦЕ Е ОД ПОЧИНАТ ПАЦИЕНТ ЧИЕ СЕМЕЈСТВО ЈА ПОКАЖА СВОЈАТА ГОЛЕМИНА И ЧОВЕЧНОСТ И ОДЛУЧИ ДА ГИ ДОНИРА СРЦЕТО И БУБРЕЗИТЕ ЗА ДА СЕ СПАСАТ ТРИ ЖИВОТИ. ЗА ОВОЈ ГЕСТ НА ХУМАНОСТ МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО Д-Р ВЕНКО ФИЛИПЧЕ, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО И ЦЕЛИОТ МЕДИЦИНСКИ ПЕРСОНАЛ ИМ ИЗРАЗУВААТ НЕИЗМЕРНА ПОЧИТ И БЛАГОДАРНОСТ

На Клиниката за урологија во тек е трансплантација на бубрези кај двајца пацинети кои подолго време се на дијализа и чекаа донор.

Првата трансплантација на срце во земјава се случи во мај минатата година. Срцето на трагично починатата Емилија Динева продолжи да чука во 53-годишниот Иван Огненовски, кој долго време чекаше донор.

Во јули минатата година, семејството на велешанецот Борче Пинов ги донираше неговите бубрези и спасија два животи но за жал за неговот срце немаше соодветен примател.

Во април годинава, беше изведена втората трансплантација на срце. Донор беше младата Верица Белчовска која загина во сообраќајна несреќа а нејзиното срце продолжи да чука во градите на 22 годишниот Иле Стрезовски. Тука не застана чинот на хуманост и алтруизам на семејството Белчовски и ги донираа бубрезите на Верица кои ги спасија животите на 27 односно 40 годишен пациент како и коскената срж.

СН Брокер
To Top