Новости

Македонија

Трет ден на жалост поради трагичната автобуска несреќа

Официјални лица работат на местото на автобуска несреќа на автопат во близина на Софија, на 23 ноември 2021 година.

Во Северна Македонија денеска е трет ден на жалост за трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија во која загинаа 46 лица додека седуммина беа повредени, главно македонски државјани. Македонската влада завчера прогласи тридневна жалост во текот на која знамето на Северна Македонија е на половина копје низ целата држава, како и на дипломатски мисии во странство. Во тридневната жалост сите јавни настани се одложени, а медиумите ја прилагодуваат програмата со соодветна содржина во согласност со денот на жалоста.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи по средбата во Софија со бугарскиот главен обвинител надлежен за истрагата, изјави дека самата постапка на идентификација на загинатите се очекува да трае најмалку седум дена.

„Истрагата за автобуската несреќа има врвен приоритет кај бугарското Обвинителство и се работи на тоа што побрзо да излезат со резултати од самата истрага, изјави Османи, додавајќи дека шпекулациите во врска со овој случај на помагаат во истражната постапка.

Евротип
Евротип
To Top