Новости

Македонија

Туристички водичи, фото студија, фитенс центри и игротеки ќе добијат државна помош

Владата на денешната седница донесе одлука да се одобрат 40 000 евра за 80 лиценцирани туристички водичи како финансиска поддршка од ковид кризата, а да се опфатени во шестиот пакет мерки на Владата. На туристичките водичи ќе им се исплати еднократна финансиска поддршка од 30 750 денари.

– Како дел од шестиот пакет анти-ковид мерки, врз основа на информацијата за спроведениот јавен повик за финансиска поддршка на компании – оператори од индустријата за организација на настани, Владата денеска донесе одлука на 33 економски оператори од оваа дејност што ги исполнуваат условите утврдени во јавниот повик, од вкупно 45 апликации, да им бидат распределени 15.443.661,00 денари, соопштија од Владата.

Владата ќе ги помогне и фотографските студија и фитнес центрите кои исто така беа погодиени од ковид кризата. За нив се испланирани близу 200 000 евра државна помош.

– На сите 184 правни лица од овие дејности кои аплицираа на јавниот повик, со оглед на фактот што сите ги исполнуваат условите, да им биде распределена предвидената финансиска поддршка од 11.924.820,00 денари, се вели во владиното соопштение.

Исто така, регистрираните игротеки и приватни детски одморалишта ќе добијат финансиска поддршка. Испланирани се 73 правни лица кои ќе добијат државна помош од околу 88 000 евра.

Евротип
SNBROKER
To Top