Новости

Македонија

Угостителите барат да се вратат свадбите и семејните прослави: Сватовите да седат со маски, да ги вадат само додека вечераат

Нема да има традиционална македонска свадба. Јасно им е и на младоженците. Да ни се дадат ригорозни протоколи според кои ќе работиме. Од шест до осум гости да седат на иста маса, тоа ќе бидат луѓе од иста фамилија. Наше лице ќе ги смести на маса, ќе бидат со маски, единствено ќе ги симнуваат маските кога ќе вечераат или одат до тоалет. Бендот ќе свири на пет метри од првата маса, ќе има средства за дезинфекција на секоја маса- ова се протоколите за организирање на свадби и семејни веселби кои ги побара од Владата угостителот Перица Голомеиќ, еден од организаторите на протестот, во разговор за ТВ21.

Тие на денешниот протест пред Владата побараа дсе укине забраната за работа на ноќните клубови, но и на рестораните за свадби и други свечености.

Најавија дека доколку надлежните не им излезат во пресрет, од понеделник тие ќе почнат со континуирани протести во Скопје и во градовите од внатрешноста.

Владата не ги носи протоколите за работа. За тоа е задолжена професионална комисија составена од експерти во делот на пандемијата, а ние само ги почитуваме нивните предлози. Во моментот кога ќе добиеме одреден протокол секако дека ќе ги усвоиме како Влада, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во одговор на прашање за денешниот протест и ултиматумите што беа дадени минатата недела за подготовка на протоколи за работа на  угостителските објекти за прослави и цвеќарниците.

За угостителите што организираат свадби, посочи, во четвртиот сет на економски мерки имаше директни грантови заради тоа што беа затворени со одлука на Владата.

-И во минатото и сега со петтиот сет економски мерки покажуваме дека ниедна дејност нема да биде изоставена, вклучувајќи го и угостителството. Не се согласувам со ултиматумите што беа испратени, а би ги охрабрил граѓаните да го кажуваат нивното мислење преку демократски начини како што се и протестите. Ние ќе бидеме тука како Влада да им помогнеме на граѓаните и на бизнисот со цел да ја поминеме пандемијата со најмали последици, рече Бектеши.

Сметам, додаде, дека беше доволна помошта за стопанството имајќи ги предвид нивните предлози кои се доставени преку стопанските комори до Владата.

Протестот на угостителите, на кој ќе му се приклучат и останати лица од свадбарската индустрија, како музичари, фотографи, сопственици на цвеќари и салони за венчаници и декорирање, започна во 14 часот, а ќе трае до 17 часот. Блокирана е раскрсницата на булеварот Александар Македонски во населбата Автокоманда пренесува прес24.

Најавени се протести и на 22-ри и 23-ти февруари.

GOLD
To Top