Новости

Македонија

Угостители, но и музичари и бендови поради рестрикциите утре ќе протестират пред Владата

Угостители, но и музичари и бендови кои поради рестрикциите се оневозможени да настапуваат во угостителски објекти, утре ќе протестират пред Владата.

Музичарите и угостителите не се согласуваат дека угостителските објекти се причина или може да бидат потенцијални жаришта за ширење на коронавирусот.

Откако Владата завчера донесе мерки со кои се забранува гостување на пејачи и диџеи во сите угостителски објекти, се ограничува јачината на музиката до 55 децибели и се намалува бројот на лица кои може да седат на една маса од 12 на 4, од Независната угостителска комора (НУК) во првата реакција најавија дека доброволно ќе ги затворат објектите на две недели.

 

GOLD
To Top