Новости

Македонија

Усвоено: 6.000 денари на картички добиваат пензионери, невработени, студенти – вкупно 280.000 луѓе

Владатата ќе даде платежни картички Купувам домашно на 280.000 граѓани на државата во вкупна вредност од 27,6 милиони евра. По 6.000 денари на картичка ќе добијат пензионерите, граѓани од ранливи категории, студенти

Премиерот Зоран Заев соопшти кои се мерките од четвртиот пакет антикризни мерки, меѓу нив една е мерката за платежни картички.

Оваа мерка е за стимулирање на личната потрошувачка. Платежните картички се со износ од 6.000 денари, а ќе го добијат 5.726 граѓани од ранливи категории, но и пензионери кои имаат пензија до 15.000 денари. Картичка добиваат и пасивните баратели на работа, рече Заев.

Ваква картичка ќе добијат и 540 студенти кои не добиле во претходниот пакет, плус ученици како поддршка за ученички стандард. Право на картичка ќе има и граѓаните кои навршиле возраст за пензионирање, ама немаат пензија.

GOLD
To Top