Новости

Македонија

Утре пристигнува првата пратка вакцини преку Ковакс системот

Утре изутрина (28.03.2021) се очекува пратката со 24.000 дози на вакцината на АстраЗенека прку Ковакс да пристигне на Меѓународниот аеродром во Скопје.

Првата пратка на вакцини против Ковид-19 преку Ковакс механизмот која треба да пристигне утре во државата ќе биде пречекана од страна на министерот за здравство д-р Венко Филипче и делегација во која ќе бидат членови на дипломатскиот кор во РМ, преставници на СЗО, УНИЦЕФ и регионалната канцеларија на ОН.

Предвидено е пратката со првите вакцини од Ковакс механизмот да пристигне во 07:55.

GOLD
To Top