Новости

Македонија

Утре сончево и топло, во недела пад на температурите и дожд

Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се најавува од недела во попладневните и вечерните часови
По денешните температури со максимални 38 степени, топло време се најавува и за утре (сабота).

Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, во сабота ќе се задржи сончево и многу топло време, а попладне на места ќе има зголемена облачност.

Меѓутоа од недела ќе следува благо опаѓање на температурите кое ќе биде предизвикано од засилен североисточен ветер.

Во попладневните и вечерните часови во неделата, според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе има и развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Евротип
SNBROKER
To Top