Новости

Македонија

Утрово облачно и магловито, во јужните делови со умерен ветер

Утрово најструдено со -1 степен беше во Скопје-Петровец, Лазарополе, 0 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Тетово, 1 Прилеп, Струмица, Берово, Крива Паланка, 2 Битола, Штип, Демир Капија, Гевгелија, Дебар, Крушево, 3 Претор, Виница, Маврово, 4 Охрид, 5 Дојран.

Утрово во повисоките подрачја, како и на крајниот југозапад и југоисток е сончево. Во останатите делови е значително облачно, по котлините има магла.

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. По котлините значително облачно или со појава на магла, особено претпладне. Во јужните делови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15 степени. Во Битола дневната температура до 7 степени.

Евротип
Евротип
To Top