Новости

Македонија

Утрово со магла, во текот на денот следи промена

Наутро по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната од 17 до 22 степени.

Во Скопје, наутро со услови за појава на магла, а преку денот сончево со мала локална облачност и слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени.

До петок ќе се задржи стабилно и релативно топло време. По котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, најизразени утре наутро. Во сабота ќе има повремен дожд претежно во западните делови, а во недела со врнежите од дожд ќе дува и засилен северозападен ветер. Дневната температура од недела ќе биде пониска.

Евротип
Евротип
To Top