Новости

Македонија

УХМР: Од понеделник пообилни врнежи од дожд, на планините снег

Од понеделник ќе преовладува претежно облачно време со пообилни врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе надминуваат 20 л/м2.

На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег, информираат од УХМР.

Во вторник поради спуштање на постудена воздушна маса ќе настапи заладување со засилен северен ветер, а врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои пониски места.

На планините и на некои од повисоките места ќе се формира нова снежна покривка.

Евротип
Евротип
To Top