Новости

Македонија

УЈП: Од денес до 10 декември поднесување барања за финансиска поддршка за плати за месец ноември

Денеска работодавачите и вршителите на самостојна дејност почнаа да поднесуваат барања за финансиска поддршка за исплата на плати за вработените за месец ноември 2020 година, соопштија од Управата за јавни приходи.

Барањата може да се поднесуваат заклучно со 10 декември 2020 година, а Управата за јавни приходи, ја потврдува комплетноста на барањето во рок од 3 дена од денот на поднесувањето, се вели во соопштението на УЈП.

Во текот на првиот ден, Управата за јавни приходи ја потврди комплетноста на барањата БФП-ИП/2 за исплата на плата за ноември 2020г. на околу 5000 работодавачи.

Финансиската поддршка за исплата на плати за вработените за октомври 2020 година изнесува вкупно 951.252.239 денари, одобрени се 13.813 барања на работодавачи од кои за 12.470 се доставени налози за исплата до генералниот Секретаријат на Владата, со кои се опфатени 60.895 вработени.

Исплатата на финансиски средства кај физичките лица кои вршат самостојна дејност за месец октомври изнесува вкупно 329.792.920 денари, а доставени се налози за исплата на 4.277 самостојни вршители на дејност, соопшти УЈП.

GOLD
To Top