Новости

Македонија

Фантомски организации прават спорни анкети и ги набљудуваат изборите

За годинешниве локални избори, јавноста слушна за организации кои освен со изборни набљудувачи, актуелни се и со објавување на спорни предизборни анкети, објави во својата анализа која е резултат на нивното истражување Цивил медиа кои анализраат организација за која се знае многу малку, нема своја веб страница, ниту објавени јавни податоци, немаат јавни настапи, ниту пак некаде може да се прочита повеќе за организацијата и нејзините активности, раководителите, истражувачите или вработените, анализираат од Цивил.

Димитриовски, посочи дека МОСТ прво ги обучува регионалните координатори, или т.н. долгорочни набљудувачи кои го следат политичкиот контекст и кампањата и кои во своите региони/општини регрутираат краткорочни набљудувачи што се распоредени на изборниот ден. „Обуките за краткорочните набљудувачи ги спроведуваат регионалните координатори во соработка со централната канцеларија и на оваа обука набљудувачите се запознаваат со целокупниот процес на гласање, нивните права и обврски, како и сите останати неопходни аспекти кои може да им бидат од корист при нивната работа“, вели Златко Димитриовски од МОСТ.

Особено важно за јавноста е транспарентноста и отчетноста на набљудувачките организации во однос на активностите и финансирањето.

„Во цел овој процес на информирање на јавноста мора да се истакне дека организациите кои ги набљудуваат изборите треба да даваат само точни и проверени информации, впрочем како што тоа го налага и самиот Кодекс за набљудување на изборите од ДИК кој организациите кои ги набљудуваат изборите се должни да го почитуваат“, посочува Димитриовски од МОСТ.

Но, од она што може да се забележи во ова истражување, организацијата АКСИОС 2017 не ги спроведува ниту исполнува најголем број од овие стандарди во однос на организација на набљудувањето и транспарентноста пред јавноста.

Редакцијата на ЦИВИЛ Медиа се обиде да стапи во контакт со организацијата, преку е-маил адресата наведена во нивниот повик за набљудување, што е единствен јавно достапен контакт со нив. До затворање на нивниот текст, не добиле одговор на нивните прашања.

Интересно е тоа што на Фејсбук страницата на организацијата, единствено место каде може да се најдат нејзини објави, помеѓу парламентарните изборите во јули 2020 па се до септември 2021 има само две објави. Едната од нив е пост со поддршка за македонската фудбалска репрезентација за време на Европското првенство, и една честитка за Велигден.

По овој период без речиси никаква активност освен овие две објави, во пресрет на Локалните избори, на 16 септември 2021, на месец дена пред нивното одржување, на Фејсбук страницата „Излези да гласаш“ објавен е повик на организацијата за набљудувачи волонтери.

На 1 октомври 2021, 3 дена по стартот на кампањата а 17 дена пред одржувањето на изборите, до медиумите е испратено соопштение дека ќе ги набљудуваат локалните избори.

Според Државната изборна комисија, досега акредитирала 512 од најавените 800 набљудувачи за локалните избори што ќе се одржат во недела на 17 октомври.

Повеќе од анализата прочитајте на Цивил медиа.

ИСТРАЖУВАЊЕ: Аксиос 2017, „фантом“ организација набљудува избори и прави анкети, а никој не знае ништо за нив?

Евротип
SNBROKER
To Top