Новости

Македонија

Филипче:Најголема моја заложба е вакцинацијата да ја завршиме побрзо, имаме ефекасен систем за вакцинирањ

Министерот за здравство Венко Филипче, се обрати по повод Светскиот ден на здравјето. Тој истакна дека светот една година се бори со коронавирусот, и дека оваа година ќе биде година на вакцинација.
„Денес е 7 април, светскиот ден на здравјето. Минатата година на истиот овој ден бевме на почеток на пандемијата и сите се надевавме дека таа брзо ќе заврши. Една година подоцна, светот се уште се бори со коронавирусот, со нови соеви и нови предизвици кои ги носи оваа голема здравствена криза. Но оваа година е година на вакцинацијата. Година за која се надеваме дека ќе биде последна во која живееме со мерки, рестрикции и ограничувања. Вакцинацијата е единствениот начин да го победиме вирусот, но за жал таа не се одвива со посакуваното темпо никаде во светот. Побарувачката на вакцини е огромна, а капацитетите за производство ограничени. Ние правиме се за да ги зголемиме количините на вакцини во нашата земја. Моја најголема заложба и желба е вакцинацијата да ја завршиме што побрзо. Затоа, се што е во наша надлежност го направивме исклучително брзо и професионално, а подоготвка за вакцинација ја спроведовме навремено и ефикасно. Денес имаме добро поставен и ефективен механизам за вакцинирање кој започна да се спроведува. Искрено верувам дека малата достапност на вакцини во светот наскоро ќе биде минато, а потоа, деноноќно ќе работиме за што пократко време да вакцнираме што поголем број на граѓани. Барам трпение, разбирање и почитување на мерките додека да се надмине овој период“, рече Филипче.

GOLD
To Top