Новости

Македонија

Филипче: Вакцинацијата со Спутник ќе почне следната недела

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека во недела се очекува да пристигнат првите количини од вакцината Спутник Б. Оваа вакцина се чува на температура од -18 до -20 степени, за што нашиот здравствен систем е веќе подготвен.

“Најавата е дека ќе стигнат во недела со специјален транспорт преку компанијата DHL со соодветно пакување, ладен ланец со запазување на тие температури. Ова е вакцина која за разлика од Фајзеровата се чува на температура на -18 до -20 степени за што нашата структура е спремна. После преземањето, ќе се смести во нашите фрижидери, ќе се организира процесот на имунизација во пунктовите во Здравствениот дом во Скопје. Соодветната административна постапка што се однесува до увозните дозволи и дозволите коишто треба да се добијат од страна на агенцијата Малмед за коишто треба да се пушти таа серија во промет веќе денеска започнаа заради тоа што дел од документите добивме, така да очекувам дека еве доколку стигне во недела какви што се најавите многу рано еве во текот на почетокот на следната недела да почне вакцинацијата и со вакцината Спутник Б.” – изјави министерот Филипче.

Министерот за здравство Венко Филипче ја најави динамиката на пристигнување на вакцината Спутник Б во нашата држава. За почеток вакцинацијата со оваа вакцина ќе биде наменера за 3000 граѓани, по што се очекува да пристигнат дополнителните дози за ревакцинација.

“Овој момент меѓу другото исто како и на почетокот разговаравме за тоа како понатаму ќе оди испораката, ова е вакцина којашто ќе биде наменета за 3000 граѓани, заради тоа што првата вакцина и ревакцина се практично со различен вектор, зема обврска компанијата да за најмногу 3 недели односно нешто порано за да може да се организира и процесот на ревакцинација, стигнати дополнителните 3 од ревакцините, а се разбира во меѓувреме чекаме информации за останатата динамика.” – кажа министерот Филипче.

GOLD
To Top