Новости

Македонија

Филипче: Во изминатите два дена вкупно се вакцинирале 9.307 граѓани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информира министерот за здравство Венко Филипче.

-Вкупно се аплицирани 1.554.372 дози вакцини, а ревакцинирани се 756.176 граѓани, трета доза вкупно примиле 982 граѓани.Во изминатите два дена вкупно се вакцинирале 9.307 граѓани.Прва доза во изминатите два дена примиле 1.830 граѓани.Трета доза во изминатите два дена примиле 196 граѓани.

47% од полнолетното население е вакцинирано со една доза вакцина

45% од полнолетното население е вакцинирано со две дози вакцини

38% од вкупното население е има примено една доза вакцина

35% од вкупното население е вакцинирано со две дози вакцини

53% од населението постаро од 40 години е вакцинирано со две дози вакцини.Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста, соопшти Филипче.

Евротип
Евротип
To Top