Новости

Македонија

Филипче: Мајките инфицирани со Ковид 19 може да ги дојат своите бебиња

Мајките кои се суспектни или COVID-19 позитивни можат безбедно да ги дојат своите бебиња, треба и пожелно е, бидејќи ако се престане со доењето, ќе се намали и количеството мајчино млеко, а со тоа и заштитните фактори коишто ги содржи, објави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Мајчиното млеко содржи антимикробни фактори: секреторен ИгА, ИгМ, ИгГ, олигосахариди, лизозими, леукоцити и таканаречени цитокини и антиинфламаторни фактори.

GOLD
To Top