Новости

Македонија

Филипче: Награда од 30.000 денари за здравствените работници кои работат со Ковид пациненти

Медицинскиот персонал во државата, лекари, медицински сестри, техничари, болничари, транспортери и сите останати кои се ангажирани во лекувањето на болните со ковид-19, пред Нова година ќе добијат еднократна парична помош од 30.000 денари. Министерот за здравство Венко Филипче кажа дека ваква награда за нивната деноноќна работа во исклучително тешки услови на коронакриза ќе добијат 7. 600 медицински лица во државата.

Филипче при посетата на болницата во Штип кажа дека откако ќе биде готова модуларната болница и во неа се хоспитализираат ковид пациентите, ќе почне целосно реновирање на дотраената зграда на Инфективното одделение. Монтажната болница ќе биде опремена со ехо и рентген апарати.

Тој рече дека Инфективното одделение во Штип досега ќе се реновираше со средства на ИПАРД програмата за меѓугранична соработка, но почетокот на реновирањето се одложи поради објективни причини наметнати од ковидкризата. Инфективното одделение е со капацитет за 50 пациенти.

„Монтажната болница е со сличен капацитет и се гради со заем од Светската банка . Покрај во Штип, монтажни болници се планирани уште во Гевгелија, Кичево и Струга, а нешто подоцна во Струмица и Куманово. Светската банка издвои за македонското здравство 100 милиони долари, од кои 34 милиони долари се наменети за монтажните болници, како и за набавка на тестови, лекови и слично“, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Во врска со новата клиничка болница во изградба, Филипче кажа дека досега требало да биде изградена и дадена во употреба, но биле затекнати повеќе административни проблеми и пречки со странскиот изведувач на работите. Тие проблеми полека се надминати. Се надминал и проблемот со ревизија на проектот. Сега се работи на фасадата, а веќе почнуваат и внатрешните работи околу инфраструктурниот ентериер пренесува сакам да кажам.

GOLD
To Top