Новости

Македонија

Филипче најавува нови рестриктивни мерки за поголема контрола на есенскиот бран од епидемијата

Задолжително носење на маска на лицето и додека се шетате сами.

Ова е само една од мерките што Владата планира да ги воведе за да превенира дополнително ширење на коронавирусот, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Состојбата со пандемијата е се полоша, а според Филипче се должи на собиранки за семејни прослави, организирање на свадби иако се забранети, и опуштањето на граѓаните во летниот период.

Овие мерки се дел од стратегијата за превенција подготвена од Комисијата за заразни болести, а дали до нив ќе дојде зависи од дисциплинираноста на граѓаните.

Засега планот за настава со физичко присуство за учениците до трето одделение останува, но истиот ќе се промени доколку енормно се зголеми бројот на заразени. Според здравствените власти нема да се преиспитува одлуката за породилното отсуство, со која од утре мајките треба да се вратат на работа.

GOLD
To Top