Новости

Македонија

Филипче: Не е исклучено вакцината да биде задолжителна

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешна средба со медиумите порача дека многу е важно матичните лекари да го зголемат апелот за вакцинација против корона вирус кај луѓево во Македонија.

„Матичните лекари треба да се свесни колку е важно да се зголеми опфатот на вакцинацијата. Тоа треба да го прават преку интензивна комуникација со пациентите, да ја пуштат важната порака за вакцинацијата.Од друга страна, некои земји сметаат дека вакцинацијата треба да биде задолжителна“, рече Филипче.

Како што истакна тој, затворање и нови рестрикции во земјава не се планирани, но не се исклучени.

„Не е опција карантин, но не знаеме што може да се случи. Затоа мора да се спроведе опфатот со вакви апели. Не е исклучено вакцината да биде задолжителна, но затоа преку овој метод со матичните лекари, посакуваме да се зголеми бројот на вакцинирани граѓани“, истакна министерот.

Евротип
SNBROKER
To Top