Новости

Македонија

Филипче: Полицискиот час ќе трае две недели, а ќе важи и во викенди

По објавата на предлогот од Комисијата за заразни болести за воведување полициски час поради зголемениот борј нови случаи на ковид-19, министерот за здравство Венко Филипче, изјави дека тоа е потребен чекор, бидејќи последните десетина дена има зголемување на инциденцата, собири на јавни места по 22 часот, како и за да се намали притисокот врз болниците.

Според предлогот на Комисијата, полицискиот час би траел од 22 часот до 5 часот наутро, а Филипче дополни дека тој би траел две недели, а нови мерки вон полицискиот час засега не се предвидени.

„Евидентно беше во последните неколку недели зголемување на случаите. Ударот не е таков каков што беше на почетокот на ноември, но без разлика, сакаме да бидеме подготвени. Се покажа дека има собири после 22 часот, угостителски објекти кои не почитуваат мерки, собири на јавни места и затоа е оваа мерка“, рече Филипче и додаде дека полицискиот час ќе важи и во викендите.

Филипче кажа дека Комисијата апелирала до надлежните инспекторати почесто да излегуваат на контрола, поради непочитувањето на мерките.

GOLD
To Top