Новости

Македонија

Филипче: Три месеци по првиот случај сега сме на раскрсница

Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека по 3 месеци откако се појави првиот случај на Ковид -19 во земјава, сега сме на раскрсница што понатаму.

Филипче вели дека дел од граѓаните се дисциплинирани, но има и граѓани кои не ги почитуваат мерките, а не ни веруваат во постоењето на вирусот.

„Ние со овие мерки продолжуваме понатаму, и тоа е клучот со кој животот ќе го вратиме во нормала. Сакам да кажам дела сме целосно подготвени да се носиме со ситуацијата“, наведе министерот.

Вели дека само со придржување на мерките, ќе ставиме крај на епидемијата.

Додаде дека во меѓувреме болниците се доопремени, што секако е плус во борбата со вирусот.

Извор: Фактор

GOLD
To Top