Новости

Македонија

Филипче: Уште едно крило е отворено во болницата во Битола

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека го информираа штабот во Владата во однос на капацитетите на болниците и ја презентираа двонеделната анализа со епидемиолошката состојба во земјава.

Во епидемиолошкиот дел се бележи значителен раст на новодијагностицирани случаи, процентуално најмногу во возрасните групи од третата, четвртата и петтата декада со карактеристики како во Скопје, така и во цела држава.
„Што се однесува до капацитетите во болниците, тие продолжуваат да се пополнуваат. Се уште нема сместено, иако е целосно подготвена модуларната болница до Инфективната клиника, кадарот е тука, подготвен. Интернистите коишто доаѓаат по системот на ротација, како и медицинските сестри. Исто така, ГОБ „8 Септември” со целокупниот персонал којшто работи на оваа проблематика, интернисти и анестезиолози коишто работат заедно со инфектолозите, меѓутоа веќе се исполнија одделенијата инфективни во Струмица, во Куманово и во Штип, а почнуваат да се ангажираат капацитетите во болницата во Кочани. Нема места во болницата во Прилеп, и уште едно крило е отворено во болницата во Битола за целиот тој регион. Забрзано се пополнува и капацитетот на болницата во Гостивар.”, потенцираше министерот Филипче.

GOLD
To Top