Новости

Македонија

Филипче: Ќе се ограничат цените во приватните болници за време на пандемијата

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека ќе се ограничат цените во приватните болници за лекување на ковид-пациентите за време на пандемијата.

-Се донесе одлука да се направи измени во Законот за здравствена заштита со која на приватните болници ќе се ограничи висината на наплата на финансиски средства за времетраење на кризата, или вонредна состојба, а што се однесува конкретно за лекување на ковид-пациенти. Го слушнавме апелот на граѓаните, сепак е криза. Има потреба да се користи тој болнички капацитет и во таа смисла веќе утре на Владата ќе ѝ го поднесеме предлог-измената за Законот за здравствена заштита, појасни Филипче.

Министерот најави дека денеска од Софија ќе пристигнат 2.000 дози кинеска вакцина, донација од Обединетите Арапски Емирати.

GOLD
To Top