Новости

Македонија

Филипче: 200.000 кинески вакцини очекуваме да пристигнат на 28ми април

На 28 април во земјава ќе стигнат 200 илјади кинески вакцини, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека потврдата ја добил утрово од Кинеската амбасада во земјава.

„Оставаме простор од неколку дена во случај да има некакви поместувања, со оглед на тоа што се случуваше досега“, кажа министерот пред „А1 арената Борис Трајковски“ во Скопје.

По 10 илјади вакцини „Фајзер“ ќе стигнат во земјава на 19 и 26 април, повтори тој. Станува збор за вакцини против ковид-19 кои се добиени со директен договор на земјава со компанијата. Преку Ковакс-механизмот  76.000 дози на „АстраЗенека“ би требало да стигнат до крајот на месецов. Вакцините преку трипартитни договори со Европската Унија се очекуваат на почетокот на мај.

„Се планира масовна вакцинација и во повеќе градови освен во Скопје, и тоа во објекти во: Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово, кои ќе ги покријат и околните градови. Денес имам состанок со градоначалниците и со директорите на здравствените домови за да видиме во кои објекти тоа ќе се спроведува и како ќе се органиизра медицинскиот персонал“, рече Филипче.

Министерот додаде дека изминативе неколку денови паѓа бројката на новозаболени и на хоспитализирани, и денес се очекува да биде околу 890 нови позитивни на ковид-19.

GOLD
To Top