Новости

Македонија

Хиротонија на новиот епископ антаниски – архимандритот Партениј

Во храмот „Света Софија” во Охрид денеска, на празникот посветен на апостолите св. Петар и св. Павле е хиротонисан новиот епископ на МПЦ-ОА, архимандрит Партениј, игуменот на Бигорскиот манастир.

Синодот на МПЦ-ОА на 21 мај годинава едногласно го избра игуменот на Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител” архимандрит Партениј за викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија со титула антаниски според античкиот град Антанија, кој бил епископско седиште.

Тој истовремено ќе ја задржи и својата должност како игумен на Бигорскиот манастир, каде што ќе биде и неговото постојано седиште.

GOLD
To Top